Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Коалицијата на дело ВМРО-ДПМНЕ- Левица и Арсовска одбија седница и мерки против загаден воздух, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска на дело покажа дека не грижи за граѓаните и покрај тоа што состојбата со аерозагадувањето е алармантна и бара итни решенија, вели СДСМ

— реклама —

„Тие ја одбија иницијатива поднесена од советничката група на СДСМ за одржување на вонредна седница на Советот на Град Скопје и мерките кои имаат за цел намалување на загадувањето во главниот град.

— реклама —

Очигледно на ВМРО-ДПМНЕ им се важни само теглите со мед, тендерите, провизиите и бизнис влијанијата, не ги засега што состојбата со аерозагадувањето во Скопје е сериозна, а Скопјани со недели дишат токсичен воздух, кој деновиве наместа содржеше ПМ 10 честици и до десет пати повеќе од дозволеното.

— реклама —

Градската власт на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за надминување на загадувањето во Скопје и само ја влошува состојбата и го поттикнува загадувањето.

За една година предизвикаа колапс на јавниот градски превоз, ги намалија за 44 отсто средствата наменети за животна средина, ги нема ветените паркови, депониите не се чистат и никнуваат нови.

ВМРО-ДПМНЕ ја има целата одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје и на скопјани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања