Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Коалицијата СДС-ДПМНЕ-ДУИ изгласа незаконска албанска паралелка во Велес, тврди Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
dimitar-apasiev9

„По августовскиот обид, насилно и незаконски да се оформи паралелка на албански наставен јазик во велешката гимназија „Кочо Рацин“ (составена од ученици со помал број бодови отколку што е предвидено со Конкурсот за упис), министерот Шаќири не се откажува од своето самоволие. Овојпат на удар е економското училиште „Јовче Тесличков“ во Велес. Иако во конкурсните услови е прецизно предвидено дека за упис во гимназија, како и во паралелки од здравствена и економска струка неопходно е учениците да имаат најмалку 60 поени, министерот дал согласност во училиштето да се изврши упис на ученици кои имаат и под 40 поени!“, велат од Левица и додаваат:

— реклама —
— реклама —

„Оваа незаконска одлука на најнеспособниот министер за образование на вчерашната седница на Советот на општина Велес доби зелено светло. Советниците на криминалната оска ДПМНЕ-ДУИ-СДСМ се ставија на страна на беззаконието што го промовира министерот Шаќири и гласаа ЗА оформување ваква паралелка. Советниците од Левица гласаа ПРОТИВ и денес ќе поднесат пријави до Државниот просветен инспекторат и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, бидејќи ваквото самоволие ги става во понеповолна ситуација сите ученици кои биле одбиени за упис во споменатата струка.

— реклама —
— реклама —

Јавно го прашуваме Мицкоски - какви заткулисни договори преговара со квинслишките партии на СДС и ДУИ и што ќе добие за возврат за легитимирањето на ваквата штетна и незаконска одлука? Уште еднаш се потврди ставот на Левица дека овие три партии се здружени во рушењето на македонската државотворност и дека сите заеднички сносат одговорност за бришењето на конститутивните елементи на Републиката“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања