Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Коалицијата СДС, ДУИ Левица не гласаа буџети во Аеродром, Охрид, Бутел, Свети Николе, криминалците и фолирантите против мега проекти важни за граѓаните, порача ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
AHMETI-GRUBI-KOVACEVSKI-4

„Коалицијата СДС, Левица и ДУИ не ги гласаа буџетите во Охрид, Бутел, Аеродром, Свети Николе, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на линија на народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

Коалицијата СДС, ДУИ и Левица не се грижи за народот, туку само за матните зделки, кои се лепак на нивната дружба.

— реклама —

Во Охрид, СДС, ДУИ и Левица не поддржаа буџет кој ќе значи реконструкција на улици, 15 детски игралишта, 2 мултифункционални игралишта. Тие беа и против нова опрема и механизација за јавните претпријатија.

— реклама —

Во Бутел, СДС и Левица не гласаа за новиот буџет, со кој се предвидуваат средства за уредување на кејот на реката Серава, нови улици, канализациски системи и нови спортски терени.

Коалицијата СДС и Левица без ДУИ, се и против развојот на Свети Николе, тие не го гласаа новиот буџет со кој се одвојуваат дваесетина милиони за нови улици и водоводни и канализациски системи, како и нова балон сала за учениците на Кочо Рацин и нов парк со Памп трака и справи за вежбање.

— реклама —

Во Аеродром СДС и Левица не гласаа за буџетот кој значи развој на општината, а со кој се предвидени инвестиции во нови градинки, улици, паркови и плоштади.

— реклама —

СДС, ДУИ и Левица се против развојот на општините низ Македонија, тие се секогаш против кога нема матни зделки и тендери, како што имаат во град Скопје, каде на полноќна седница на Совет префрлаа пари на ЈСП, претпријатие управувано од кадар на СДС, кое склучува мултимилионски договори без попусти кои биле вообичаени години наназад.

СДС, ДУИ и Левица се деструктивни. Со оваа коалиција Македонија тоне. Потребни се целосни промени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања