Коалицијата Тачела е виновна за блокадата на превозниците, спремаат ли пат за бугарска фирма да го земе превозот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
318035150_1540599343127024_651525179951756870_n

Коалицијата Тачела составена од Ковачевски и Арсовска е виновна за блокадата на превозниците, спремаат ли пат за бугарска фирма да го земе превозот? Се користи ли ЈСП за коалициски комбинаторики, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„ЈСП е еден од стожерите на коалицијата на неврзаните (СДС - ДУИ - Левица).

— реклама —

Данела Арсовска првин го постави Александар Стојковски за директор на ЈСП. Стојковски е кадар на СДС, што се потврдува и од фотографии на кои тој е сликан во централниот штаб.

— реклама —

Стојковски потпишува договор за набавка на гориво вреден 27 милиони евра, и во тој договор го нема попустот од 6 денари, кој до сега бил пракса.

Со непостоењето на попуст, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.4 милиони евра. Пари кои се доволни за да го покријат долгот кој ова претпријатие го има кон приватните превозници.

Веќе е создаден проблемот. Арсовска ги има приватните превозници на улица, а средства нема. Во меѓувреме распишува нов повик за избор на превозници, а долгот не го враќа.

Скопјани се прашуваат дали зад хаосот кој го гледаме деновиве со блокирани улици, се крие режирано сценарио за бугарска фирма да го земе превозот во Скопје?

Дали Арсовска свесно ги креираше проблемите?

Дали 6-те денари кои до сега биле попуст, завршиле како провизија?

Дали ЈСП е дел од пазарот за тајната коалиција Тачела? Што треба скопјани да трпат за Арсовска да може да владее“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања