Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Коцевски на Регионална конференција на јавните обвинители за постапките за воени злосторства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6618

Јавниот обвинител на Реублика Северна Македонија Љупчо Коцевски и претседателот на Здружението на јавните обвинители Елвин Вели, на покана на домаќинот – црногорското Врховно државно обвинителство, учествуваа на Регионална конференција на јавните обвинители за соработка во постапките за воени злосторства што се одржа во Подгорица.

На конференцијата, организирана со поддржа од Прогрмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Проектот – Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан се дискутираше за проблемите, предизвиците и постигнатиот напредок на регионалната соработка во постапките за воени злосторства, но и за квалитетот на доказниот материјал во ваквите случаи.

— реклама —

Јавните обвинители дискутираа и за постапувањето по предмети за кривични дела на сексуално насилство поврзано со конфликт.

— реклама —

„Како јавно обвинителство ние немаме активни предмети поврзани со воени злосторства. Но, секако постапуваме по замолници за меѓународна правна помош кои се однесуваат на прибирање докази за предмети во други земји. Јавното обвинителство на Република Северна Македонија исклучително сериозно и посветено постапува и ќе постапува во иднина кон сите поднесени барања и се обидува во најкраток можен рок да ги обезбеди доказите кои ќе овозмоат ефикаен кривичен прогон на сторителите на кривични дела“, нагласи во своето обраќање Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања