Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Коцевски: Предметите за легализациите во Чаир се поврзани и најверојатно ќе се спојат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-library02dm7p83phq21QW8Ay6
Скопје1.мк


Проблематичните постапки за легализации во Општина Чаир во моментов се разгледуваат низ два одвоени обвинителски предмета – едниот оформен по допрен глас во Основното јавно обвинителство Скопје, а вториот по пријава поднесена од поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

— реклама —

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во гостување на „360 степени“ на МРТ1 изјави дека двата случаи се меѓусебно поврзани и дека, според досегашната динамика на постапката, најверојатно ќе бидат споени. Тој нагласи дека обвинителствата располагаат со доволно докази и дека работата продолжува.

— реклама —

Коцевски објасни дека иако во јавноста се појавиле шпекулации дека првиот предмет – оној по допрен глас – бил близу до затворање без покрената истрага, таква одлука никогаш не била донесена ниту официјално соопштена. Посочи дека обвинителите собираат докази до последниот момент пред носење на јавнообвинителска одлука и дека постапката се води во согласност со сите стандарди.

Во однос на тоа дали веќе се потврдени фалсификати во документацијата за легализациите, Коцевски не откри детали, наведувајќи дека истрагата сè уште е во тек и дека конечната надлежност ќе биде утврдена откако ќе се обедини материјалот од двата предмета.

— реклама —

Тој додаде дека интересот на јавноста за овој случај е разбирлив, особено поради тоа што во процесот има лица поврзани со актуелната владејачка гарнитура, но потенцира дека институциите ќе постапуваат независно и врз основа на докази.

Предметите за сомнителните легализации во Чаир остануваат во активна фаза на постапување, а одлуката за нивно евентуално спојување се очекува во периодот што следува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryc50bn94rofu19xFgfP5

Општина Чаир организира натпреварот Косово – Турција ќе се гледа на плоштад „Скендербег“

Скопје | пред 5 дена

media-library8r5n0i0ot87l5rFr57B

Чаир во пресрет на Бајрам: акција за чистење на јавните површини

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryclv0lbksph8l9tN5528

Отстранети 615 кубни метри отпад, во Чаир 13 записници за кршење на Законот за јавна чистота

Скопје | пред 1 месец

media-libraryais57cg2onfr26Lu6Mf

Ќе се реконструира улицата „Лазар Трповски“ во Чаир

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања