„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Коцијанчич: САД и Русија да се држат до нуклеарниот договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
kocijancic

Европската Унија ги повикува САД и Русија да се придржуваат кон договорот за нуклеарно оружје (ИНФ) со среден дострел и да обезбедат целосно и докажано негово спроведување“.

— реклама —

„Ние веруваме дека е потребно САД и Русија да спроведат конструктивен дијалог со цел да го зачуваат договорот“, рече портпаролката на Европската Унија, Маја Кочијанчич, на денешната прес-конференција.

— реклама —

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно оружје бидејќи Русија го прекршувала овој договор.

Иако не понуди пример за тоа како Русија го прекршува овој договор, сепак Трамп изјави „Русија го прекршува договорот, тие го кршат со години“, посочи американскиот претседател по митингот во саботата во Елк, Невада, каде што рече дека САД нема да им дозволат на Русите да прекршат нуклеарниот договор.

По објавувањето на одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно оружје од среден дострел бидејќи Русија го прекршила договорот, пристигнаа првите реакции од Русија. Официјален претставник од руското Министерство за надворешни работи рече дека главната причина за оваа одлука е сонот на Вашингтон за униполарен свет, а по ова, реакции пристигнаа и од други руски, но и светски лидери и политичари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања