Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Коциќ: Бројот на заболени од коронавирусот се намалува, следува масовна имунизација против ковид 19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kocik

Почитувањето на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот од страна на мнозинството граѓани, како и засилените контроли и инспекции од страна на институциите, придонесоа бројот на заболени и хоспитализирани поради коронавирусот да се намали, истакна на денешната прес конференција Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Коциќ додаде:

— реклама —

Ова резултира со намалување на притисокот врз јавното здравство и врз болничките капацитети.

Сепак, ова не е момент за опуштање, туку напротив, сите треба да продолжиме доследно да ги почитуваме мерките за заштита од вирусот ковид 19.

— реклама —

Првите вакцини пристигнуваат веќе од наредниот месец!

Обезбедени се 800.000 вакцини за цела 2021, а првите дози од вакцината на Фајзер ги очекуваме веќе во февруари.

Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на целото население, за конечна победа над пандемијата.

— реклама —

Истовремено, државата преку два други механизи ќе обезбеди дополнителни дози на вакцини против коронавирусот.

Едниот од нив е „Ковакс“ механизмот каде се очекуваат уште 833.000 дози на вакцини, а како трет механизам се преговорите со земји членки на ЕУ кои се подготвени да отстапат дел од нивните вакцини.

— реклама —

Вкупно, преку сите три механизми во оваа година треба да се обезбеди вакцинација за 1,2 милиони жители на Северна Македонија, односно за околу 60 отсто од вкупното население.

Вакцинацијата е последната фаза од борбата против коронавирусот. Затоа е потребно уште малку трпение и дисциплина од секој еден од нас.

Да го заштитиме своето и јавното здравје, за што побрзо да се вратиме во нормалните текови на секојдневното живеење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања