„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кочовски: Надлежните да ги фатат тие што палат и соодветно да ги казнат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar-3

Цела вечер пожарникарите ја поминаа на терен. Шумски пожари, од кои уште е активен пожарот во Коњаре. Депонии, стрништа…и поради недостаток на луѓе останаа на работа и денес, напиша на „Фејсбук“ Владимир Кочовски, командир на противпожарната единица во Скопје.

— реклама —

„Може да се каже дека се бескорисни вака преморени, ама знам дека ако има следна интервенција ќе дадат се од себе. Како тоа ќе се одрази по нашето здравје не знам?!Десетина камиони се на поправка. Се троши игромна количина на гориво…Туку друго ми беше муабетот.

Не можам да се обратам на тие што палат и да им кажам да не го прават тоа. Се обраќам до сите надлежни да излезат на терен. Да ги фатат сторителите, и да бидат соодветно казнети. Да има полициски патроли, патроли на шумска полиција кои превентивно би делувале. Дронови…

— реклама —

Се изгоре…дрво нема да остане по планините. Она што не изгоре го испосекоа, се уништија… Доста е…“, порача Кочовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања