„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Кога би имале шанса дури 83,7 отсто би заминале од Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Поразителни 83,7 отсто од испитаниците би си заминале од Македонија кога би имале шанса. Ова се резултатите од анкетата под наслов „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија“ што Факултети.мк ја објави пред две недели. На прашалникот анонимно одговорија вкупно 1.474 читатели. Интересен е податокот што во првите неколку часа имаше масовно одговарање на трите поставени прашања.

— реклама —

На прашањето „Кога би имале шанса, дали би заминале од Македонија?“ одговорија 1.491 читател. Од нив дури 1.234 (83,7%) одговориле со „да“, 123 (8,3%) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9%) би останале во Македонија., објави факултети.мк

Различни се одговорите за земјата каде што би се преселиле. Германија, Австралија, Канада, Франција, Холандија, Данска, Австрија, Скандинавија, Швајцарија, Словенија, Нов Зеланд, Шведска, САД, Англија... Има и вакви одговори: „Каде било, само не Македонија“, „Подалеку оттука“, „ Во земја каде што владеат закони и каде што има нормален здравствен систем и образование“.

— реклама —

На прашањето: „Зошто би заминале?“ одговорија 1.054 читатели. Најчестиот кус одговор е „за подобар живот“. Еден наш читател ја сублимирал целата реалност во неколку реченици:

- Катастрофално лошо функционирање на сите институции. Корупција, мито, непотизам. Голема злоупотреба на должностите и функциите што им ги доверила државата. Лоша инфраструктура, лоша организација во функционирањето на сите институции. Тие што се одредени да ја организираат работата и функционирањето на институциите се неспособни, корумпирани, алчни да заработат многу за кратко време. Не постојат долгорочни планови за развој и напредок. Корумпирана полиција, судство... Здравствениот систем многу лошо организиран, нефункционален. Образовниот систем корумпиран. Факултетите се натпреваруваат кој ќе им додели (продаде) повеќе дипломи на неспособни кадри! Способните, вредните, тивките, трудољубивите... се оставени на маргините, да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Текстот во целост на факултети.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања