„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кога е најдобро да се инвестира во биткоин?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
bitkoin

Група економисти од престижниот универзитет Јејл смислија техника со која можат да ја предвидат цената на биткоинот со помош на надгледување на однесувањето и флуктуациите на криптовалутата во минатото.

— реклама —

Цената на оваа криптовалута варира помеѓу 6.000 и 9.000 долари во последните неколку месеци, а моменталната цена на еден биткоин е околу 6.340 долари.

Јукин Лиу и Алех Цивински анализираа податоци собрани во период од седум години за да утврдат кои индикатори би можеле да влијаат на цената на биткоинот во иднина. Економистите од Јејл исто така ги проучуваа и криптовалутите Ripple и Ethereum за да забележат дали и тие ги следат истите шеми на промени на цената како биткоинот.

— реклама —

Нивните заклучоци, објавени во Националното биро за економско истражување, тврдат дека биткоинот и останатите криптовалути се целосно независни од акциите, валутите и останатите средства во однос на факторите кои придонесуваат кон промената на нивната вредност.

„Вредноста на криптовалутите може да се предвиди преку фактори кои се специфични за пазарот на криптовалути, но никако не треба да се земаат предвид истите фактори како и на останатите пазари. Постои временски моментум кој треба да се следи за да се предвиди вредноста на биткоинот“, пишува во истражувањето.

Стратегијата која ја развија овие економисти вели дека инвеститорите треба го следат трендот на пазарот на криптовалути. Според нив, најдоброто време за инвестирање во биткоини е она кога вредноста на криптовалутата ќе порасне повеќе од 20% во рок од една недела.

Тие исто така предвидуваат дека шансите за тотален пад на вредноста на биткоинот, односно израмнување со 0, е многу мала. Постои само 0,3% шанса дека биткоинот ќе доживее толкав пад на вредноста што ќе стане бескорисен и безвреден. Еден инвеститор, според нив, треба да поседува само 1% до 6% од неговата вредност во криптовалути.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања