Промени тема
Контакт

Кога криминалците ќе го чувствуваат МВР за свој дом, се краде оружје и муниција за цела единица, а Спасовски молчи, вели Ковачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
06042020_PVRSM_Spasovski_obrakjanje_NATO_online_diskusija-1

Оливер Спасовски два дена молчи во врска со кражбата на оружје и муниција од магацинот на СВР Охрид, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Ограбена е полициска станица, а власта се однесува како ништо да не се случило.

Според информациите кои ги објавија медиумите, но и според наши сознанија не се работи само за кражба на оружје и муниција за автоматско оружје, туку и за бомби и гранати, а за кои во МВР немаат точна евиденција.

МВР не знае што точно и во колкава количина е украдено.

— реклама —

Објектот на магацинот се наоѓа во кругот на поранешната касарна Михајло Апостолски во Охрид, а сега е во сопственост на полицијата. Магацинот има обезбедување и е во круг на повеќе полициски објекти, а непосредно спроти истиот е канцеларијата на началникот на РЦ Запад.

Оттука се влече заклучокот дека крадците или се поголема организирана група која е голема опасност за мирот на државата или се во договор со Оливер Спасовски.

Украдена е муниција доволна за вооружување на цела единица. Тоа не е оружје или муниција кое може да се користи во лов или за било какви рекреативни цели, туку станува збор за автоматско оружје, муниција, бомби и гранати кои се користат исклучиво за боеви дејствија.

— реклама —

Кога полицијата и криминалците се едно, епилогот е кражба на оружје од полициски магацин и предизвикување на несигурност кај населението. Спасовски или е целосно неспособен да го обезбедува имотот на МВР или е во целосна коалиција со криминалот и ги прикрива извршителите. Ова се случило кога криминалците ќе го чувствуваат МВР за свој дом.

Недозволиво е Спасовски да молчи.

— реклама —

Полицијата под водство на Спасовски, одамна го изгуби кредибилитетот и авторитетот.

Тој треба веднаш да си поднесе оставка“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања