Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Кога мафијата владее, а раководството на МВР е до гуша во скандали, тогаш криминалците се комфорни, а народот небезбеден, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kradec-maska-151

Оливер Спасовски наместо да ги гони криминалците кои хараат по Македонија, тој врши притисок и поднесува пријави на земјоделци кои протестирале за катастрофалните состојби во земјоделието, вели опозицијата

— реклама —

„Затоа пак, во Скопје се случуваат 50 вооружени разбојништва и други 3500 кривични дела низ Македонија.

Ова покажува дека основна улога на МВР е да ја заштитува владата од народот, а не да се грижи за редот и безбедноста на граѓаните.

— реклама —

Оливер Спасовски дозволи криминалот да метастазира, а тој лично е одговорен за тивката коалиција меѓу криминалот и власта.

— реклама —

Во време на неговиот мандат меѓу другото се случи нерасветлениот случај на прислушкување на судови и обвинителство, во негов мандат се случи делењето на пасоши на 215 белосветски криминалци, во негово време се случи негов кадар за началник на полиција да биде фатен во меѓународна акција за сузбивање на дрога, и на крајот во негов мандат се случи МВР да набавува компјутери од фирма која е на црната листа на САД.

Поради фијаското на Спасовски денес криминалците се чувствуваат слободни и заштитени да хараат во Македонија.

— реклама —

Кога мафијата владее, а раководството на МВР е до гуша во скандали, тогаш криминалците се комфорни, а народот небезбеден“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања