Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Кога Русковска ја читаше одлуката за Јанева, речиси неодминлива беше дилемата – свесна ли си дека ти си следната?, прашува Јовановска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
jhjopok

Најмачниот ден што го доживеавме оваа година, апсењето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, некој го илустрираше со славниот бројчаник на Триумфалната порта испишан со зборовите – „Двосед, тросед, табуретка“. Тоа е тоа што се сврте откако СДСМ дојде на власта со ветување дека ќе се пресмета со криминалот во државата, дека секој што злоупотребил ќе одговара, а парите што ќе се вратат ќе се објават јавно на овој бројчаник.

Наспроти сите силни акции на Јавното обвинителство, наспроти нападното понижување на Јанева пред јавноста за да се покаже колкава е решителноста да се справат со криминалот, наспроти уверувањето на јавниот обвинител Љубомир Јовески дека парите не стигнале во џебови на политичарите, општиот впечаток беше дека Јанева е одбрана да биде жртва на скандалот кој има поголеми димензии од едно обично рекетирање и поткуп. Судејќи по одекот на апсењето на јавноста, голем е бројот на оние што не ја „купуваат“ стопроцентно приказната и прашуваат – за кого всушност вртел бројчаникот? Дали имало обид едните да ги преземат парите на другите, дали затворските казни се купувале и некој во меѓувреме се сетил дека било подобро наместо на бројчаникот, да се слеат во приватни џебови?

— реклама —

Кога Вилма Русковска вчера ја читаше одлуката за Јанева, речиси неодминлива беше дилемата – свесна ли си дека ти си следната? Кога дозволивме двете водечки политички партии да решаваат дали ќе постојат или не специјалните обвинители, кои треба токму нив да ги гонат, јасно е дека имаат силен мотив за компромис да го снема СЈО, Катица да биде најкорумпираната, а тие најчисти да ни го продадат старото судство – како врв во борбата против криминалот и корупцијата. Каква борба, веќе видовме.

— реклама —

Целата колуна на СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА прочитајте ја на Независен.мк

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања