Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Кога веќе Ковачевски кукавички бега, институциите се должни да дадат одговори за скандалот со неговата трајна неспособност, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
21092022_PVRSM_UN_3

Иако повиканите институции 10 дена молчат, нивниот молк гласно говори дека скандалот со трајната неспособност на дезертерот Ковачевски е многу голем, вели ВМРО-ДМНЕ

— реклама —

„Прво дезертерот Ковачевски има тапија за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН со цел да не служи воен рок, односно да не одговори на повикот и обврската кон државата. Тоа значи дека за да избегне обврски кон државата трчал по документи и оправдувања , а сега без срам е седнат на државна фотелја.

Второ, дезертерот даде два контрадикторни одговори на темата за јавноста, еднаш велејќи дека не служел воен рок заради школување,а втор пат заради хируршки интервенции. Кога лажеше Ковачевски, тогаш, сега или и тогаш и сега?

— реклама —

Трето, доколку се работи за некој сериозен психо-физички проблем кој го направил трајно неспособен за служење на воен рок, тогаш постои оправдано сомнение за неговата деловна способност и тоа мора итно да се провери и утврди.

— реклама —

Дополнително како четврто, доколку Ковачевски лажел, не бил лојален кон државата или има сериозен проблем кој го прави трајно неспособен, тогаш се поставува прашањето зошто поседува се уште безбедносен сертификат.

Сите овие прашања мора институциите да ги одговорат кога веќе Ковачевски бега и се крие.

— реклама —

Тактиката за кукавичко бегање нема да го спаси од одговорност. Се ќе се дознае порано или подоцна“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања