Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Кои фирми блиски до власта правеле милиони во време на кризи, ќе открие аферата БРОИЛО, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-1

Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие аферата Броило, која ќе покаже кои фирми блиски до функционерите на власт ги користеле кризите да направат милиони. Додека Македонија тонела во енергетската криза на некои компании им вртело броилото, ама не колку да платат, туку колку да го наполнат своето банкарско конто, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Народот треба да знае дека додека 12 илјади фирми затвориле, а уште илјадници не знаат како да ги платат сметките за струја во енерегетската кризи некои фирми блиски до власта профитирале од таа криза.

— реклама —
— реклама —

Дезертерот Ковачевски и антимакедонската СДС да кажат кои се фирмите- кризни профитери кои заработиле во време на криза додека целото стопанство тоне а граѓаните осиромашуваат. Дезертерот Ковачевски и антимакедонската СДС да кажат кој и како им овозможил на овие фирми да ги добиваат ваквите бизниси?

— реклама —

Скандалот Броило ќе разјасни многу бизнис шеми за богатење на сметка на се посиромашните граѓани.Скандалот Броило ќе покаже зошто оваа власт преферира кризна состојба и зошто упорно влегува од една во друга“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања