Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Kои фирми од Струмица, блиски до Заеви добивале кредити и истите не ги враќале и со тоа се вмешани во пропаѓањето на Еуростандард банка, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
eurostandard-banka

Криминалниот октопод со Штедилницата ТАТ од Битола, доби нова современа верзија со пропаѓањето на Еуростандард банка, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Новиот криминален октопод во Македонија со Еуростандард банка не добива разрешница. Тоа е така бидејќи високи поранешни, но и сегашни функционери од антимакедонската СДС се вмешани во овој огромен криминал.

— реклама —

И овој случај со Еуростандард банка како тој за ТАТ се случува во време кога на власт е антимакедонската СДС, како и тогаш така и сега вмешани се високи функционери од СДС.

— реклама —

Власта предводена од антимакедонската СДС јавно да објави кои струмички фирми се вмешани во овој криминал?

Исто така да одговори како овие фирми, блиски до најбогатото семејство во Струмица, а и Македонија, Заеви, добивале кредити од банката без покритие и истите не ги враќале?

— реклама —

Јавноста очекува одговор како овие фирми биле повластени со тоа што не ги враќале парите и сето ова било премолчувано, дали бидејќи се поврзувани со фамилијата Заеви и истите биле заштитени во криминалот кој го правеле.

— реклама —

Илјадници штедачи се измамени и истите се уште чекаат разрешница за да бидат обештетени. Човечки судбини се во прашање и за овој криминал не смее власта предводена од антимакедонската СДС да молчи.

Одговорност мора да има за овој огромен криминал и клопчето мора да биде размотано до крај“, се веи во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања