Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Кои ќе бидат министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада: Тошковски во МВР, Андоновски во МИОА, Трифуновски во Земјоделие?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
kbjnjkn

ВМРО-ДПМНЕ ги крои министрите за во техничката Влада. Извршниот и Централниот комитет на партијата му дадоа одврзани раце на претседателот Христијан Мицкоски тој да го скрои составот. „Скопје1“ дојде до дел од имињата кои вечерва ќе се најдат и на маса пред членовите на Извршниот комитет, за да даде согласност да бидат предложени кај мандаторот Талат Џафери, а потоа избрани од Собранието.

За во Министерството за внатрешни работи, најсериозен кандидат да седне како технички министер е адвокатот Панче Тошковски. Тој во рамки на партијата е претседател на Комисијата за правни прашања. Беше обвинуван од експремиерот Зоран Заев дека добивал договори од ЕЛЕМ кога директор бил Христијан Мицкоски токму поради нивната близина - тврдења за кои рече дека се неточни, измислени и манипулативни бидејќи извршувал услуги по отворена постапка на која победил.

— реклама —

По Тошковски, за истата позиција се вртат имињата на Ристо Ставревски, ексначалник на СВР Скопје. ВМРО-ДПМНЕ во претходната техничка Влада го претставуваше како професионалец. Истовремено, критикуван од СДСМ. Третото име е Бојан Христовски, кој беше директор во градско јавно претпријатие кога Данела Арсовска победи на изборите, а пред да се искара со ВМРО-ДПМНЕ. Од партиски функции, Христовски е претседател на Градскиот комитет на партијата.

— реклама —

За дополнителен министер во Министерството за финансии има две имиња - Анастасија Илиевска и Гоце Димовски. Илиевска беше директор на Управата за јавни приходи, а претходно, државен секретар во Министерството за внатрешни работи. Според нејзината биографија, во својата кариера од 2001 до 2014 работела како самостоен даночен советник во УЈП. Во периодот од 2009 до 2014 била член на советот на Општина Прилеп. Димовски пак, е прв човек на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар. Беше носител на советничка листа во 2021 година.

— реклама —

За во Министерството за информатичко општество и администрација се споменува името на Стефан Андоновски. Тој е Секретар за меѓународна соработка на ВМРО- ДПМНЕ и член на Советот на Град Скопје. Истовремено е член и на партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Министерството за земјоделие, извесно е дека може да се врати Цветан Трифуновски. Тој беше дел и од минатата техничка Влада. Беше и директорот на Инспекторатот за земјоделство.

Вечерва, заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по што официјално ќе се знаат точните предлози за во техничката влада.

Новиот состав треба да биде изгласан во недела во Собранието. И покрај караниците, Талат Џафери ќе ги предложи министрите на ВМРО-ДПМНЕ да бидат дел од техничката Влада, наспроти најавите дека тоа нема да го направи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања