Кои министерства и директорски места ќе ги земе Алтернатива од СДСМ и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
19112021_PVRSM_Zaev_sredba-so-pratenikot-Gashi_3

Министерството за здравство, Министерството за образование и Министерството за култура, директорското место во МЕПСО, вицепремиерското место за борба против корупција, како и министерското место во Владата задолжено за дијаспората се ресорите кои неофицијално ќе и припаднат на Алтернатива. Ова веќе се зборуваше дека било на преговарачката маса меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Иако потврда нема, а детали се очекуваат да се изнесат во 13 часот, според вчерашната прес-конференција на Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива, беше јасно дека овие ресори ќе и припаднат на оваа партија која се приклучи кон владиното мнозинство.

— реклама —

„Обврските кои Алтернатива ќе ги превеземе во Владата. Алтернатива ќе превеземе и важни одговорности кои се однесуваат на стратешките интереси. Ќе преземеме значајни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнувањето на квалитетот на животот на граѓаните“, кажа Муртезини.

— реклама —

Се зборува дека ова е целата листа на сите институции:

— реклама —

1. Министерство за здравство

2. Министерство за информатика

3. Заменик претседател на Собранието

4. Министер за дијаспора

5. Заменик министер за култура

6. Заменик министер за земјоделство

7. Заменик министер за земјоделство или транспорт за финансии

8. Мепсо

9. Железнички транспорт

10. Управа за болница Тетово

11. Национален граничен координатор

12. Пензиски фонд

13. Регистри

14. Заменик директор во Испитен центар

15. Инспекторат за локална самоуправа

16. Социјален центар Скопје

17. Заменик директор во Сл. весник

18. Директир затвор Идризово

19. Агенција за странски инвестиции

20. Агенција за претприемништво

21. Природно-математички музеј

22 Институт за културно наследство

23. Инспекторат за стандардизација

24. Театар Гостивар

25. Тетовска библиотека

26. Агенција за млади и спорт

27. Зам. дир за индустр.сопственост

28. Помошник министер во МВР

29. Раководител на сектор МВР

30. Раководител на сектор во Царина Охрид

32. Началник емјодел во Долнени

33. Агенција за вработување Струга

34. Кино Струга

35. Сектор МВР, Тетово

36. Директор на Клиника Скопје

37. Управен одбор, членови

38. Надзорен одбор, член

39. Директор на Испитен центар

40. Управен совет на МК Патишта

41. Надзорен совет на МК Патишта

42. Управен одбор во железничка инфраструктура

43. Управен одбор на аеродром

44. Управен одбор во Пошта

45. Надзорен одбор во Пошта

46. ​​Управен совет во агенц. за пасишта

47. Директор архив Струга

Сѐ поизвесно е дека Алтернатива ќе добие и менаџирање со енергетиката. Според непотврдените информации, тие ќе го добијат и директорското место во компанијата МЕПСО која е целосно државна сопственост. Досега со оваа компанија менаџираше Куштрим Рамадани, кадар на ДУИ.

Прашани за тоа кој ќе раководи со овие институции и компанијата, портпаролот на Алтернатива не одговори посочувајќи дека нема дозвола од Централното собрание.

Screenshot-2021-12-04-at-20.59.16

Алтернатива влезе во Владата, ќе се бара меѓународен мониторинг за „Монструм“

Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива соопшти дека Централниот совет на партијата одлучил„Имаше седница на Централното собрание на Алтернатива. Се дискутираше и за вклучување на Алтернатива во Владата, а Гаши ги информираше сите за преговорите и превземените одбори. Централното собрание одлучи со мнозинство гласови одлучи да се приклучи на актуелната Владата“, рече Муртезини.Тој кажа дека пред сѐ причини се почетокот на преговорите со ЕУ и решавање на спорот со Бугарија. Договор имало и за меѓународен мониторинг за „Монструм“, прегазувањето на Алмир Алиу и така натаму.„Постигнувањето на овие договори е победа за Албанците во Македонија, партијата и Македонија. Алтернатива успеа да докаже дека таа не е декор“, рече тој.Ќе се превземат значајни обврски за здравството, но и поддршка на животот во државата.

Македонија | пред 4 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања