Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Кои политичари се фотографирани со криминалци од подземјето – од пријателства до случајни средби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Последниве четири години стана правило по секоја мафијашка пресметка со убиство, во јавноста да испливаат фотографии од политичари со криминалците. Насмеани, многу често и прегрнати македонските политичари и високи функционери имаат различни објаснувања за нивниот однос со криминалците.

dobivaj vesti na viber

Дали се работи за средби кои биле намерни или случајни? Дел од политичарите ја коментираат позадината на фотографиите, други не. Додека едни велат моментот овековечен е од заедничка средба со граѓани, други во минатото јавно проговорија за пријателствата, трети молчат.

Последна во низата на вакви фотографии беше онаа на претседателот Стево Пендаровски со Орхан Бајрами – Оки кој беше убиен викендов во Грција.

Ликвидираниот Оки и е познат на македонската јавност како дел од мафијашкото подземје. Го сметаа за неформален лидер на т.н. групата „Дуќанџик“. Беше инволвиран во неколку вооружени инциденти, а познат е и за македонската полиција.

— реклама —

Орхан Бајрами – Оки со претседателот Стево Пендаровски

Од претседателскиот кабинет за „Макфакс“ посочија дека Пендаровски се фотографирал со сите кои ќе побарале. Според нив, фотографијата е направена пред четири години, за време на кампањата за претседателските избори. Прашани како може Пендаровски да биде во друштво на водичи на нарко-кланови, како што се сметаше Оки, тие рекоа дека безбедносни проценки за лица кои спонтано приоѓаат за фотографирање не се прават.

,Бајрами бил виден и во друштво со градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, кој е дел од огнената група на ДУИ. Фотографијата направена во угостителски објект.

Орхан Бајрами-Оки и градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети

— реклама —

„Макфакс“ испрати прашање до Беџети дали се познавал лично со Бајрами и дали бил запознаен дека станува збор за лице од подземјето, но од таму до овој момент не е пристигнат одговор.

Пред убиството на Оки, во март годинава, беше убиен негов близок пријател, Јетон Кривањева – Жила, во Старата скопска чаршија. Слично како и убиството на Оки, и во случајот на Жила, убиството беше извршено од неколку лица кои со автоматски пушки влегоа во кафуле и пукаа.

Жила, исто како и Оки, важеше за еден од главните водичи на „Дуќанџик“, двајцата имаат многу заеднички фотографии.

Шеваљ Муареми, Јетон Кривањева – Жила и Орхан Бајрами – Оки

Јетон Кривањева – Жила, Шеваљ Муареми, и Орхан Бајрами – Оки

По убиството на социјалните мрежи осамна фотографија од Жила со претседателот на Собранието, Талат Џафери во неговиот кабинет за чија што позадина „Макфакс“ не доби одговор од кабинетот на Џафери.

— реклама —

Јетон Кривањева – Жила и претседателот на Собранието, Талат Џафери

Фотографии се појавуваа и по убиствата поврзани со браќата Идризи.

На крстосница во Чаир со 80 куршуми беше убиен Камер Идризи, а само една година подоцна на истото место и неговиот брат Јонуз Идризи. Името Камер Идризи допре до јавноста откако стана извесно дека е едно од лицата врз кое беше пукано во хотелот „Александар палас“ во 2019 година.

Непосредно по убиството повторно се појавија фотографиите. Вниманието беше насочено кон слика на Камер Идризи со тогашниот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски, но и со ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири.

Камер Идризи и ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири

Зекири тогаш не одговори на повиците за да каже од каде се познаваат со Идризи, додека Смилевски рече дека биле другари цел живот.

— реклама —

Ексградоначалникот, во таа прилика за „А1он“ кажа дека не знае за неговиот бизнис, ниту разговарал за тоа. Се дружеле, рече Смилевски, а за разлика од коментарите во јавноста каде Идризи е преставен како „лице познато на полицијата“, градоначалникот кажа дека не го познава како таков.

Камер Идризи и ексградоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски

Прашан дали знае зошто Идризи бил убиен, градоначалникот на Бутел, кажа дека не знае.

„ Сме разговарале за фамилијарни работи, се консултирал со мене, а за други работи – не. Тој во главно работеше во Комунална хигиена и беше контролор на трета смена, како внатрешна контрола. Од дете, од 17 години мислам дека работеше таму “, кажа тогаш Смилевски.

Во минатото не изостануваа ни фотографии од политичари со избеганиот Шеваљ Муареми, кој важи за познат наркобос од Грчец, а  се споменуваше и во дел од „бомбите“.

Муареми, исто како и во случајот со Оки, Жила и Идризи се поврзуваше и со пукањето во Александар Палас на крајот на 2019 година.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања