„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Кои продукти ги произведуваме, а кои увезуваме - надлежните децидни, размената нема да прекине

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Brasno

Владата веќе донесе одлука за забрана на извоз на брашно и пченица од земјава, како дел од мерките поврзани со коронавирусот и заштита на граѓаните. Покрај ова, таа ги задолжи Царината, во соработка со Министерството за земјоделство, во наредниот период да го следат трендот на извоз на рафинирано сончогледово масло за јадење, ориз, кондиторски и пекарски производи, односно тестенини, бисквити и слично. Тоа значи дека ќе се внимава и на извозот на овие производи, Објави Фактор.мк.

— реклама —

Упатени кругови со кои контактираше Фактор велат дека до прекин во испораката на стоки сигурно нема да дојде. Ова од причина што државите договорија дека транспортот на стока нема да прекине, односно тој ќе продолжи, со тоа што ќе се почитуваат специјалните протоколи за заштита.

Фактор пишува дека во поглед на потребите од пченица, земјава покрива половина од своите потреби, а половина увезува. Најголем дел од тој увоз, односно 95 проценти, доаѓа од соседна Србија. Земјава нема производство на шеќер и тој доаѓа од увоз, додека потребите за масло за јадење, согласно пподатоците од домашните производители, целосно може да се задоволат од домашни потреби.

— реклама —

Нашата држава увезува и млеко, иако имаме и доволно производство, но и смрзнато месо, како суровина за месната индустрија, пишува Фактор.мк.

Текстот во целост на: Фактор.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања