Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Кои се барањата: ќе се протестира пред Влада, има ултиматум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Protest-pred-Vlada-za-Onkologija

„Повторно Ве повикуваме на протест во понеделник пред Влада, заедно во еден глас да го искажеме гневот и револтот против сиот криминал кој со години тлеел на Клиниката за Онкологија, но и во целосниот здравствен и политички систем. Ние бараме задоволување на социјалната правда, и тоа е возможно само ако се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!“, пишува во најавата за протест испратена до медиумите.

Потоа се додава:

Протестот од Влада ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство каде ќе побараме ОДГОВОРНОСТ за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од МЗ како што се претходните министри кои влијаеле за заташкување на случаевите.

— реклама —

Повторно нагласуваме и за тоа дека измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства, доколку ние тоа не го дозволиме.

УЛТИМАТУМОТ од минатата недела не е исполнет, особено барањето ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата.

— реклама —

Нашите барања и УЛТИМАТУМ од овој протест, се:

1. Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев

2. Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија

— реклама —

3. Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија

4. Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија

— реклама —

5. Обелоденување на инфорамциите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово!

6. Одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола.

Се гледаме во понеделник во 18 часот!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања