Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ се лути поради одобрението за изградбата на нова зграда позади „Макпетрол“, карши поликлиниката „Букурешт“. Тие јавно прашуваат: „Кој лаже и манипулира“, алудирајќи на изјави дадени од градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. Токму тој го потпиша одобрението.
Реакцијата на „Независни за Карпош“, Ви ја пренесуваме интегрално:
⁉ Кој лаже и манипулира?
‼️ Стефче Јакимовски Фокус 16.08.2022: „ Јас прв излегов и кажав дека 28-катница во Карпош нема да има. Зграда со 28 ката нема да има, таму е предвидено висока зграда, но не може да биде со 28 ката таа минимум треба да биде со 10 ката, вели Јакимовски.“
‼️ Стефче Јакимовски -Вечер 12.10. 2023: „– Имаше предвидено зграда со 28 ката, но сега таа е со 17 ката, што значи дека висината е намалена за 40 проценти. Вкупната градежна површина од 99.000 квадратни метри сега е намалена на помалку од 40.000 квадратни метри, што е за 60 проценти намалување – објасни Јакимовски. “
‼️ Факти
- Извод од ДУП З05 за таа парцела вели П+26+Пкч H=88м
- Идеен проект доставен до Општина Карпош со споени згради од П+1, П+10, П+16+Пк и П+17+Пк, со 419 стана, 1 месец пред изјавата дека зградата ќе биде минимум 10 ката. Сега наместо една зграда од 28 ката, ќе има 4 споени од 2, 11, 18 и 19 ката. Вкупно 50 ката! Од 28 ката на 50 ката. Ова не е намалување, туку зголемување!
- Дополнително, одобрениот идеен проект од октомври 2023 има зголемување на површина за градба за 4м2, бруто развиена површина за 561 м2, намалување на процентот на озеленетост на градежната парцела, во однос на првиот поднесен во јули 2022.
👉 Во тек на градба, може да бараат измени во тек на градба - ДУПот дозволува, дали 17 (а не е 17 ката воопшто, туку 2+ 11+18+19 ката) или 28 ката, премногу е, ниту лажеме, ниту манипулираме, ама еден патолошки лажов кога ги оценува другите тргнува од својата матрица на размислување, па деструктивни сме биле, сме сакале само да уништуваме и не сме давале предлози. Ова и на Совет нон стоп го повторува најверојатно да си се убеди, зошто 100 пати повторена лага ...
🤥 За тоа дека Карпош, ако имал "вакви“ советници ќе бил катастрофа, дупка до дупка, без канализација во Бардовци, немало да има ни 2000 светилки, а сега 5600 (уште да светат сите), нереновирани училишта и слично - само ќе кажеме дека ниту еднаш не сме биле против реконструкција, реновирање, канализација, давање субвенции за замена на кров, фасади, поставување светла....
Зошто не ги спомна своите заслуги во бетонирање на Карпош? Го зацементира, затвори провев, илјадници нови жители со поинакви навики и вредности, нови депонии, немање паркинг.
🎭 Градоначалник стана со ветување дека нема да ги повторува грешките, ама според неговиве изјави немал тој грешка и советите му биле погодени, проблемот е во нас 2те што ете нема паркинг. А улици се градат со УП, со дозволи од Град Скопје, ама паркинг мора со ДУП. Што не го среди паркингот на места каде има ДУП? Му се даде предлог со УП да го реши паркнигот кај Млечен, член 58 став 2 инфраструктурен проект, ама ние не сме давале предлози.