Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Кои се Кики и Фрики, зошто не е проширена истрагата за рекет?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Boki-13-Zoki-Kiceec

„Аболицираниот Заев ја укина правната држава, стави крај на правото и правдината во Република Македонија. Нашата држава е единствена во Европа во која во затворите има политички затвореници, додека вистинските криминалци ги тероризираат улиците ширум државата, а дел од нив се сместени на Илинденска бб.

— реклама —

Институциите под контрола на Заев наместо да го гонат криминалот и сторителите, ги гонат оние кои известуваат за истиот и ги обелоденуваат на јавноста криминалните зделки на челниците од власта. Новинарите, слободата на изразување и вистината се најголемите непријатели на лажгото Зоран Заев.

Поминаа речиси две недели, истрагата за случајот Рекет се уште не е проширена. Jaвноста се уште не знае кои се високите функционери од СДСМ, Кики и Фрики кои дел од злосторничкото здружување што рекетирало македонски политичари, бизнисмени и граѓани. Главата на криминалниот октопод се уште е на слобода.

— реклама —

Катица Јанева веќе две недели има слободен простор да влијае на сведоците и доказите, поради нејзината службена положба.

— реклама —

Русковска обвинителството не ни помислува да тргне по главата на криминалниот октопод. Не истражуваат бидејќи е јасно дека на врвот на оваа криминална банда е аболицираниот Заев.

Вилма Русковска повторно го амнестира човекот кој веќе три пати е аболициран за тежок криминал, Зоран Заев. Русковска ја амнестира главата на криминалниот октопод одговорен за случајот Рекет, Зоран Заев.

— реклама —

Со Зоран Заев како премиер во Република Македонија не може да има правда. Со Кацарска судството и Русковска обвинителството Македонија не може да биде правна држава. Правда ќе има кога оваа криминална банда ќе замине од политиката во Македонија, а тогаш ќе одговараат сите кои сториле криминал, како и оние кои требале истиот да го казнат, а го амнестирале“, пишува со соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања