Кои се олеснителни, а кои отежителни околности во случајот за Кичеец?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
soobrajaka-straza-kiceec

"Обвинителството во одговор посочува дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот. Единствен констатиран пропуст со сообраќајното вештачење е претекнување на полна лента", пишува адвокатот Сузана Јошевска Анастасовска.

— реклама —

„Така е, како олеснителни околности при одмерување казна да се земаат нормални работи како што се да не возиш пијан и да не возиш брзо. Можеле да пишат дека ете, имал ставено и појас, дека возел со запалени светла, дека претекнувал со вклучен лев трепкач. Е сега, полна лента само што поминал, од сите овие работи, тоа му е ЕДИНСТВЕНИОТ пропуст. Толку пропусти можел да направи, тој направил само еден. Плус се кае. 6 месеци е фер!

— реклама —

А дали обвинителството му ја зема како отежителна околноста дека вкупно 7 лица имаат тешки телесни повреди од тој негов ЕДИНСТВЕН пропуст.

— реклама —

Дали ја зема како отежителна околноста дека извршил злоупотреба на дозвола за лекување и дека воопшто не требал да биде во кола на Стража, туку во болница или дома, пошто нели, срцеви проблеми, тахикардии има и сл.?

Дали обвинителството му ја зема за отежителна околноста што со таа негова "докажана" здравствена состојба тој би требало да избегнува да вози, особено на отворен пат?

Жал ми е за децата на починатиот и целото негово семејство.

Претекнување на полна лента и предизвикување директен судир е дивеење, тоа е евентуална умисла (dolus evetualis, свесност дека од дејствието може да настапи последица и согласување со нејзиното настапување) не е и не може да биде небрежност. Небрежност би било на пример, претекнување на испрекината лента, со почитување на сите сообраќајни прописи, но со лоша проценка за сообраќајната ситуација и со тоа предизвикување последица. Разликата е во свесното прекршување правила!

Едно време се учеше кривично право темелно, овој фушерај одговара само на тие што можат да платат или да купат правда“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања