Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Кој е „кртот“ што го изнесе записникот од сведочењето на Камчев - Русковска и Џолев го бараат низ ходниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ruskoska

По протекувањето на детали од истрагата за случајот „Рекет“ се отвори прашањето за безбедноста на доказниот материјал. Од судот и од обвинителството најавуваат дека денеска ќе се обидат да го најдат „кртот".

Одговорноста за протекувањето на документи од истрагата за „Рекет“  не треба да се бара само кај обвинителството за организиран криминал или јавното обвинителство, фотокопија од записник  од исказ пред обвинител , како тој исказот на Камчев што вчера беше објавен, добиваат и странките во предметот, но и адвокатите што ги застапуваат тврди за Канал 5 адвокатот и поранешен обвинител Александар Наков. Таквиот записник може да протече од повеќе страни, меѓу кои и од луѓето што учествуваат во сослушувањето, вели Наков.

— реклама —

Претседателот на „скопска единица“ Иван Џолев за Канал 5 вели дека ќе утврдуваат дали во судскиот предмет кај нив го имале или не записникот кој предизвика многу реакции во јавноста, а неговата веродостојност вчера ја потврди и шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска.

— реклама —

Сите се согласни дека ова објавување нема да ја искомпромитира истрагата за случајот „Рекет“, но неопходно е брзо да се најде сторителот на овој престап и да се побара негова одговорност. И други снимки, аудио и видео, поврзани со овој случај беа објавени на интернет страницата на италијанскиот весник „Ла верита“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања