Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Кој е новиот момент за Цар Самоил кој предизвика триумфализам кај бугарската страна, прашува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Car_Samoil

Целосен молк од страна на владата и администраторот Ковачевски за преговорите со Бугарија и Кирил Петков во врска со историската комисија, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Што е се завршено, како што соопштија од бугарската страна во комисијата и кој е новиот момент во преговорите во оваа комисија.

Сите информации кои доаѓаат до македонската јавност се од страна на бугарската влада или комисија. Вчера можевме да видиме целосен триумфализам од страна на бугарската страна во историската комисија во врска со историската личност, Цар Самоил.

Додека има триумфализам во Бугарија, владата на Ковачевски соопштува дека состанокот на мешовитата комисија поминал во одлична атмосфера, без никакви информации кои македонската јавност ги бара.

— реклама —

Се уште нема одговори од македонската влада за што уште се преговара и кој е исходот од овие преговори.

— реклама —

Молкот отвора огромен сомнеж дека се водат преговори кои се штета на Македонија, македонскиот народ и македонските национални интереси.

Каков договор се спрема и зошто се уште Ковачевски молчи?

— реклама —

Ковачевски и Османи се должни веднаш да и соопштат на македонската јавност и пред пратениците да реферираат за текот на преговорите и кои се следните чекори.

Преговорите мора да бидат транспарентни и јавноста мора да биде информирана“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања