Со некроза на ногата, 12-годишниот Марко Пејчиновски минатата година го преплива Охридското Езеро на патеката Свети Наум-Охрид во должина од 25 километри. Тогаш, јавноста, охриѓани, како и медиумите го прогласија за херој од дете. Пејчиновски препорака за привање добил од лекарите пред три години, кои му кажале дека тоа е најдобра терапија за неговата болест. Некрозата е болест која го попречува нормалниот крвоток на ногата, поради што се јавуваат проблеми со моториката.
Марко ги послушал лекарите, по што тренирал секојдневно. Тој за СДК.мк минатата година изјави дека никој не го тера да плива, а почнал со овој спорт бидејќи сака да биде здрав кога ќе порасне.
„Јас во текот на пливањето главно ги користам рацете. Нозете ги користам во интервали од околу петанесет минути за да ги раздвижам, да не добијам грч на мускулите. Имам по околу 60 завеслаи со рака во минута”, вели Марко.

Тринаесетгодишниот Марко Пејчиновски вечерва од градското пристаниште во Охрид, го започна 64 километри долгиот маратон. Марко ќе плива од Охрид до Свети Наум, потоа до Струга па назад во Охрид. Марко овој подвиг го посвети на децата со ретки болести.
Марко Пејчиновски веке неколку часа ја плива одредената рута на маратонот кој вети дека ќе се обиде да го заврши во има на децата со ретки болести.

На неговата фејсбук страница е објавено видео со наслов: На 3,5км од почетокот на маратонот. Дестинацијата е вкупно 64км Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид! Среќно и со лесно.