Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

„Кој е следен“ до партиите: нема да бидеме платформа за партиско поентирање, овој систем е ваше чедо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Коментари
Screenshot-2025-03-28-at-13.30.27

Неформалната организација „Кој е следен“ објави статус преку кој се оградува од политичките партии. Тие се обратија до СДСМ, на кои им кажаа дека ја одибваат поддршката. На сите други им порачаа дека системот против кој се борат е нивно чедо.

— реклама —

„Ние не бараме поддршка од политичките партии, бараме поддршка за нашите барања од институциите. Затоа што институциите работат за граѓаните, а политичките партии работат за себе. Политички партии кои во овој момент или во минатото активно учествувале во креацијата, развојот и во одржувањето на ваквиот трул систем кој со децении ја крои и пеплосува македонската општествена реалност, не може да бидат наши сојузници. Овој систем е ваше чедо, продукт на вашите пропусти и лаги, на вашите тајни договори и намерни заташкувања. Продукт на вашето селективно изразување поддршка и на вашите постојани грешки. Нашиот одговор е: не, фала. Од вас не сакаме поддршка. Очекуваме оставки, одговорност и систем што функционира. „Кој е следен?“ се роди токму поради Вашата нефункционалност - местото не Ви е до нас! Затоа упатуваме јасна порака до сите политички партии:

— реклама —

„Порака до опозициските партии:

— реклама —

До СДСМ: Со кој легитимитет денес ја поддржувате борбата за правда, кога токму вашето владеење придонесе овие барања да постојат? Ја одбиваме вашата „поддршка" бидејќи ваквите обиди за приклонување не само што се провидни, туку и навреда за сите оние кои со години се борат против неправдите на овој корумпиран систем, од кој вие самите сте дел и помогнавте да се изгради. Нема потреба да се согласувате со барањата на „Кој е следен“ - тие се токму адресирани и до вас. Воедно, не сакаме поддршка ниту комуникација со ДУИ – партија со клучна улога во креирањето на системот кој наместо да штити, дозволува насилство и неказнивост. ДУИ е симбол на корупцијата, клиентелизмот, политички притисоци и институционалниот распад. Дел од најсериозните системски девијации се токму нивно наследство.

Се оградуваме и од јавната поддршка на Левица - доколку сакате да го смените системот, дејствувајте преку механизмите со кои располагате во Собрание, а не со евтин хаштаг популизам.

Порака до партиите кои се на власт (ВМРО–ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН):

Доколку навистина го разбирате народниот револт како што тврдите, повикајте на обединување, бидејќи тоа ни е денес најпотребно, во тој случај нема да има потреба од манипулации, пропаганда против наши членови и ширење страв и омраза, туку ќе ги искористите механизмите кои ви стојат на располагање и ќе ги остварите нашите барања – неселективно и без компромис за ‘своите’ луѓе.

Ја имате сета моќ во ваши раце. Очекуваме одговорност, транспарентност и итни мерки за заштита и безбедност на граѓаните. Вашиот досегашен однос, придружен со вулгарна реторика, укажува на опасно оддалечување од демократски вредности и нe води кон вистински системски промени. Време е за сериозно преиспитување и одлучна промена на правецот во интерес на јавниот добробит и иднината на општеството. „Кој е следен?“ не е простор за политичка рециклирана поддршка, туку граѓански повик за одговорност и вистинска промена. Партиите имаат отворен простор на дејствување и интервенции во системот преку Собранието и нивните вработени во сите институции. Наместо да издаваат соопштенија, нивните пратеници треба да се фокусираат на системски промени и конкретни решенија. Соопштенијата не значат ништо, освен обид да се присвои автентичниот народен револт. Ние бараме правда, отчетност и темелни промени во системот - нешто што ниту една од политичките партии не успеаа да го испорачаат. Наместо поддршка на хартија и празни зборови, очекуваме конкретни дела и одговорност. „Кој е следен“ не е и нема да биде платформа за партиско поентирање. Ова е автентичен граѓански повик за правда и градење на систем кој ќе служи на сите, а не само на партиите, поради тоа што досега си слушаме само партиите, а итно ни е потребен одговор. Системот е следен, но не забораваме кој беше претходен“, напишаа од „Кој е следен?“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања