Промени тема
Контакт

Кој е ставот на Мицкоски за тоа што неговиот партнер Левица ја поддржа агресијата врз Украина, прашува Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Јавноста сведочи дека коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, политичкиот субјект Левица отворено ја поддржува воената агресија врз Украина, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

„Пратениците на оваа партија гласаа против Декларацијата за Украина во македонското собрание. Граѓаните на Украина ги нарекуваат неонацисти и користат крајно несоодветен речник, идентичен со оној на агресорот.

Ова се опасни ставови, кои се на штета на државниот и национален интерес на нашата татковина, на нејзините стратешки цели и спротивни на целиот демократски свет.

Левица е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Заедно ги кочат и блокираат законите кои се од интерес на граѓаните и државата.

— реклама —

Левица е коалициски партнер на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво во многу општини. Дури и во главниот град Скопје.

— реклама —

Бидејќи станува збор за негов близок коалициски партнер, го прашуваме Христијан Мицкоски:

Кој е неговиот став за поддржувањето на воената агресијата на Русија врз Украина од страна на Левица?

— реклама —

Затоа ли самиот Мицкоски ги оправдува сите што ја поддржуваат воената агресија, во своите јавни настапи?

Јавноста очекува одговори“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања