Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци која е политиколог, го анализираше гостувањето на скопската градоначалничка во „Топ тема“. Таа им порача на ВМРО-ДПМНЕ, дека скапо ќе ги чини изборот на Арсовска.
Ја прашува Оливера вечерва Данела Арсовска како тоа претседател на Совет на К.Вода воедно станал и адвокат за 50.000 денари месечен паушал во ,,Лајка", оваа вели немала уште детали⁉️ Пошто она прави еклери хонорарно во Град Скопје, нема поим од ништо. Али, затоа пет пати во 3 минути повтори како народот не можел да скрпи крај со крај. И ова е само 7 минути како ја гледав, можам да замислам што тресела саат време. Кој фолирант! Вмровци, оваа скапо ќе ве чини!“, напиша Јоци.