„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Кој ги менува имињата на фреските во Св.Јоаким Осоговски?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sv-joakim-osogovski

Ликовите останаа исти, но се променија имињата на светците во манастирот Јоаким Осоговски. Фреските на Цар Урош, Цар Лазар, Крал Милутин и Стефан Дечански биле прекрстени во Цар Владимир Киејевски, Јован Милостив, Цар Константин Велики и Свети Никифор. Промената на имињата на фреските ги забележале од културно-информативниот центар на Србите во Македонија кога минатиот месец организирале екскурзија во манастирот. Веднаш реагирале до Министерството за култура, Владата и претседателот за фреските да се вратат во првобитната состојба, објави Сител.

— реклама —

Од  Сител не добиле одговор од Министерството за култура. Министерката Стефоска не одговорила на нивните  повиците, ниту на пораките.

Фреските се поправени, но останува мистерија кој и зошто ги сменил имињата на светците во манастирот.

— реклама —

Митрополитот Кумановско-осоговски, Григориј во изјава за Религија.мк потврдува дека е направен фалсификат и оти Епархијата ова го забележала уште пред да реагира српската заедница. Но и тој не знае кој ги направил промените и кои се мотивите.

 

Текстот во целост на: Сител.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања