„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кој го побарал, одобрил и организирал јубилејот на „Шверцерите“? Јавноста бара одговори, а владата ќе испитува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
sverceri

Дали некој ќе одговара за направената штета во МНТ за време на роденденската забава за навивачите на фудбалскиот клуб Шкупи.  Владата формираше работна група од раководството на Министерството за култура и МНТ и ја задолжи да го информира премирот, кој го побарал, одобрил и организирал јубилејот на „Шверцерите“.

— реклама —

„Јас ќе очекувам информации директно од владата, да бидеме информирани  од ресорното министерство за култура и секако и од организаторот и министер за политички систем точно што се случило, односно секој што може да ни даде информации за да можеме да ја информираме јавноста како се случил настанот кој е одговорен за тоа дали има штети или не, односно се што јавноста сака да дознае“ - рече премиерот Зоран Заев.

Според директорката на МНТ  Симона Угриновска, никој официјално не побарал изнајмување на салата за прослава, туку како што кажа таа пратеникот од ДУИ, Артан Груби телефонски најавил дека во театарот дека после церемонијата за Денот на албанската азбука, ќе прикажат и документарец поврзан со истата тема, но навивачи не спомнал.

— реклама —

Како и да е јавноста очекува наскоро да се обелодени вистината околу тоа кој е организатор на прославата во МНТ и истиот да си ја превземе одговорноста и да ја надомести штетата.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања