Кој и зошто не сака решавање на проблемот со незаконските продавачи пред пазарот во Ченто?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
boban-stefkovski-gazi-baba11

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, попладнево јавно на својата страна на фејсбук ги ифнромираше граѓаните и јавноста за директната опструкција од државни институции.

— реклама —

На фејсбук Стефковски напиша:

— реклама —

"Кој и зошто не сака решавање на проблемот со незаконските продавачи паркирани на улица Маџари, пред пазарот во Ченто?!

— реклама —

Почитувани граѓани на општина Гази Баба,

Имајќи ги предвид големиот број на реакции од граѓаните по однос на состојбата со незаконски паркирани возила на улица Маџари, пред пазарот во Ченто кои вршат на диво продажба на земјоделски производи, на 07.12.2021 година оддржав состанок со администрацијата на која дадов насоки за организирање на заедничка акција со повеќе државни институции за спроведување на Законот и ставање ред во сообраќајот.

Заедничката акција беше закажана за денес, 13.12.2021 година во 10 часот.

Имајќи ги предвид законските надлежности поврзани со фактичката состојба и тоа која државна институција може да постапува, истиот ден на 07.12.2021 година се обративме писмено до Државниот пазарен инспекторат да испрати свои инспектори со цел исполнување на нивните надлежности, а истовремено истиот ден, 07.12.2021 година доставивме допис до Министерството за Внатрешни работи, поточно до ЕБПС при СВР Скопје со цел отстранување на возилата со земјоделски производи кои се незаконски паркирани.

Со жалење сакам да ги информирам граѓаните и јавноста, дека ниту Државниот пазарен инспекторат, ниту Сообраќајната полиција не испратија свои екипи на закажаната акција за да ги исполнат своите законски надлежности.

/265565122_137025665365177_1813239549111984525_n" rel="attachment wp-att-152677">

И покрај директната опструкција на закажаната акција, од страна на Државниот пазарен инспекторат и Сообраќајната полиција, инспекциските служби на општина Гази Баба, со асистенција од полициската станица од општа надлежност Гази Баба (која се грижела за безбедноста на инспекторите), денес излегоа на терен при што се напишани казни, согласно Законот за јавна чистота.

/265505560_137025642031846_7880711874537742580_n" rel="attachment wp-att-152676">

Опструкциите од државните институции нема да не поколебаат во остварувањето на нашата цел и барањето на граѓаните за ставање ред околу пазарот во Ченто.

На увид на граѓаните и јавноста ги ставам дописите кои се доставени до државните институции кои денес не излегоа да ги исполнат своите законски надлежности."

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања