Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Кој ја снимил средбата Мицкоски - Кичеец ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski-kiceec-696x410

Аудио „бомбите“ од средбата помеѓу лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Зоран Милески Кичеец покрај препукувањата околу тоа дали Мицкоски лажел кога изјавил дека не се има сретнато со Кичеец го отворија и прашањето: „Кој снимал на оваа средба? Дали снимката е направена од Кичеец или од женското лице кое посредувало да дојде до средбата било на висока партиска функција и работи на менаџерска позиција во „Систина“.

„Скопје1“ консултира неколку аудио монтажери и инженери за звук кои тврдат дека според тоа што се слуша, озвучено е женското лице, а тоа го поткрепуваат со следното:

— реклама —

„Во моментот кога Мицкоски кажува на женското лице да земе вода од фрижидерот, таа станува, а на снимките веќе не се слуша јасно разговорот туку се слушаат шумови од движењето. Во моментите од разговорот кога таа седи на маса, најчисто се слуша нејзиниот глас, додека гласовите на Мицкоски и Милески се слушаат но јасно е дека не се најблиску до уредот со кој е снимана средбата кој според сите анализи на звукот изгледа бил прикачен на женското лице“.

— реклама —

Официјално од ВМРО ДПМНЕ одбиваат да зборуваат за тоа кој снимал на средбата.

— реклама —

Од извори во ВМРО ДПМНЕ се коментира дека се тие сосема свесни дека нелегалното снимање го извршила жената која работи на директорска позиција во „Систина“ и во тоа време била високо позиционирана во партијата, а уживала и голема доверба кај Кристијан Мицкоски, кој во одреден период имал голема доверба во неа.

Дали раководството на ВМРО ДПМНЕ е снимано и во други прилики и колку снимки од различни средби постојат и кој каде изнесува информации од партијата ? Ова прашање се врти низ политичките и внатрепартиските кругови на ВМРО ДПМНЕ од како беа објавени снимките од средбата Мицкоски - Кичеец. Ова го отвора и прашањето какво е опкружувањето на Мицкоски , за кого тоа работи и дали луѓето од безбедносните служби кои се знае дека се блиски до ВМРО ДПМНЕ воопшто повеле сметка и помислиле на партијата која ги туркала нагоре во кариерите и која им ги давала позициите во службите ?

Во меѓувреме се појавија нови снимки со лидерот на СДСМ Зоран Заев на кои тој во приватен разговор користи вулгарен вокабулар но и за овие снимки не е познато кој ги направил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања