Кој ја штити Катица Јанева, но и која е врската на Шеќеринска и Ременски со Боки 13?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
mkd-429191

Новинарот Бранко Геровски во најновата колумна објавена на порталот „Плусинфо“ отвора нови прашања и дилеми, меѓу кои и „Кој ја штити Катица Јанева“

— реклама —

„До овој момент, од сознанијата што го има јавноста за текот на истрагата (кои не мора да се целосни, бидејќи истрагата не мора за сѐ да ги известува граѓаните), се истражува главно случајот на „трговија со влијание“ меѓу осомничените и бизнисменот Орце Камчев, доказите и околностите во врска со тој настан, за кој одамна јавно предупредив дека е многу цврсто и уверливо документиран. Се чини дека во овој момент клучниот проблем на третирањето на овој дел од истрагата е неразумниот обид од списокот на осомничени да се изостави специјалната јавна обвинителка во оставка и да се занемари нејзината ролја во „трговијата со влијание“, која исто така е документирана. Нејзините невешти обиди за прикривање на доказите (преформатирање компјутери и телефони), пак, ја прават Катица Јанева многу сериозен кандидат за изрекување на мерката притвор“, пишува Геровски.

Ременски и Шеќеринска во фабулата

— реклама —

Доаѓаме до најчувствителниот дел од приказната, до прашањето каква врска имаат овие лица со Зоран Заев, со Радмила Шеќеринска и со Фросина Ременски? И каде се тука поранешниот генерален секретар Александар Кирацовски и сегашниот портпарол Костадин Костадинов, кој е и дел од Меѓународен сојуз? Каде се тука министерот Горан Сугаревски и неколку градоначалници, сите заедно потписници на меморандуми за соработка со невладината на „кралот“, меморандуми со кои тој ги убедувал жртвите (ако воопшто станува збор за жртви), дека може да им обезбеди сѐ што им ветил, бидејќи ете соработувал со власта, на чело со премиерот Заев.

Што се однесува до потписниците на меморандумите, да претпоставиме дека поголемиот дел од нив не знаеле за вистинските намери на осомничениот Јовановски, а како доказ за тоа би можело да се прифати ноторниот факт дека тие не отишле чекор понатаму од потпишувањето на меморандумите. Но, сега, кога знаат сѐ, тие на јавноста ѝ должат не оправдувањa, туку извинување поради својата лекомисленост и поради спремноста да остварат соработка со еден таков опскурен лик, за чиј бекграунд можеле и морале да бидат подобро информирани. Истото се однесува и на Кирацовски, кој најверојатно бил само лице за контакт меѓу Јовановски и клучните луѓе во Битола, верувајќи дека помага некаков корисен проект. За Костадинов, пак, мислам дека дури ни тоа не може да се каже, оти момчето ми личи на обичен манекен во ова друштво.

Е сега, Фросина Ременски сепак е нешто сосема друго. Таа и формално е член на раководството на Меѓународен сојуз. За неа велат дека заедно со Мандиќ, била „идеолог“ на програмата на невладината на Боки 13-ка, но и на програмата за пензионерски туризам. Не знам дали е тоа точно, но на настаните на Меѓународен сојуз таа е во преден план, а се истакнува и на некои неформални журки на друштвото.

Почитајте ја целата сторија на Плусинфо.мк 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања