Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кој ќе ги избира надзорниците за 36.500 евра плата или СДС и ДУИ веќе го имаат поделено колачот, прашува Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
asfalt-koridor

Ова се страниците од договорот за коридорите добиени од укажувачи, каде е наведено дека ќе бидат ангажирани специјалисти за надзор со месечни плати од по 36.500 евра. Сумата за платата е точно наведена, но не и бројот на специјалистите за надзор! Ќе се ангажираат надзорници за спецификации за автопати, студии за животната средина, за заштитените богатства од УНЕСКО во охридско, разгледување на спецификациите на патиштата, или најмалку пет специјалисти со плата од по 36.500 евра месечно. Најмалку петмина надзорници според бараното, за најмалку пет години работа, колку што е потпишан договорот тоа значи дека цели 11 милиони евра ќе бидат исплатени вон договорената сума, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Кој ќе ги избира овие надзорници, дали Владата во целост или можеби ДУИ и СДС си го поделиле колачот од по 36.500 илјади евра месечната плата за еден надзорник.

— реклама —

Месечната плата на еден ваков надзорник е еднаква на 40 плати на универзитетски професори во Македонија. Во Македонија 85% од вработените земаат плата помала од просечната. Македонија е држава во која што три месеци немаше ленти за дијабетичари, држава во којашто нема отпечатени свидетелства за ученици. И Македонија ќе дели 36,500 евра месечна плата за еден надзорник, пари повторно издвоени од Буџетот на Македонија. 11 милиони евра за плати за 5 надзорници специјалисти. Овие пари се вон договорената една милијарда и 300 милиони евра тешкиот договор.

— реклама —

Ова почитувани е основа за можен криминал, а голем дел од парите да завршат во приватни или партиски џебови и потоа да бидат употребени за изборен поткуп.

Во Македонија, почитувани, се случува епски криминал којшто будно се следи и за него ќе има одговорност по смена на власта“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања