Промени тема
Контакт

Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност лифтови на државни институции, прашува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
120190420_222432

Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност лифтови на државни институции, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Над 90 тендери добила фирма за лифтови, која имала сертификати за безбедност кои биле фалсификат.

Фирма од Скопје издавала лажни сертификати за исполнување на ИСО стандарди на фирма за лифтови, која добила над 90 тендери на државни институции во период од 2017 до 2021 година.

— реклама —

Како властите дозволиле оваа фирма за лажно сертифицирање да работи 4 години и да издава сертификати?

За што уште издавала сертификати оваа фирма и кој се е оштетен?

— реклама —

Дали се пуштани цели процеси на производство во функција со лажни сертификати?

— реклама —

Како институциите каде биле прикажувани сертификатите не ги провериле истите? И зошто ниту една институција не го пријавила случајот?

Дали зад целиот случај стои врвот на власта и дали тоа е причината што 4 години се издавале лажни сертификати за безбедност на лифтови во државни институции“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања