Која е вистинската причина за повлекувањето на Јанева, прашува Ванковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
5-3

Професорката Билјана Ванковска, објави статус на својот Фејсбук профил во кој вели дека не е доволно Јанева само да замине, туку и дека треба да се направи резиме на тоа колку пари фрливме во СЈО и какви резултати истото остави зад себе.

— реклама —

„Станав таков скептик и циник што дури и на апсењето на Коки и оставката на Кејти гледам со сомнеж (особено, второво). Ако е некаква сатисфакција, тогаш барем еден новинар покажа дека и како поединец можеш да извршиш јавен притисок врз институциите. Сепак, проблемите што ги имаме не се кадровски, туку системски - а тоа потешко се менува. Без секого се може и секогаш ќе се најде замена на штрафот во машинеријата...

Многу сакам да грешам.

— реклама —

Заминувањето на Јанева можеби ќе отвори простор за објективна проценка што се' НЕ направи оваа од почеток видливо неспособна жена. Не е доволно само да замине, туку и да се направи резиме: колку пари фрливме во СЈО, зошто од неук правник направија икона, какви резултати остави зад себе и како понатаму?

П.С. После деталите од денешните апсења, се отвораат уште посериозни дилеми околу вистинската причина за повлекувањето на Јанева. Истрагата е во тек“, напиша Ванковска на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања