Која партија колку општини зема по вториот круг гласање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
izbori-makedonija-Copy

Вториот круг од локалните избори во земјава заврши а претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски истите ги оцени како успешни. На овие избори за првпат беа употребени апарати за отпечаток од прст.

— реклама —

ДИК ги објави првичните резултати според кои во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ има освоено градоначалнички места во 20 општини, СДСМ во 7, ДУИ во 7, Алијанса за Албанците-Алтернатива и Беса по две, и по едно градоначалничко место имаат освоено ДПА, ГРОМ и Коалицијата ЛДП-ДОМ.

— реклама —

Во вториот круг победија и независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, независниот кандидат Максим Димитриевски во Куманово и независниот кандидат во Дебарца, Зоран Ногачески.

— реклама —

„Како што кажав, првиот круг ќе биде малку потешко, затоа што не е извежбано, меѓутоа вториот круг помина речиси 100 проценти успешно и понатаму очекуваме усовршување на овој процес. Беше битно да се почне, секогаш има детски болести, меѓутоа ако не почнеме ќе може да заостанеме во целокупниот развој, а се работи за прилично важна категорија за развој на демократијата“, изјави Даштевски, заблагодарувајќи се на членовите и вработените во ДИК, како и на политичките партии, медиумите, печатницата, компанијата што ја изработи апликацијата.

Конечните резултати, како што најави Даштевски, ДИК ќе ги објави во текот на денешниот ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања