Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Кокаин и марихуана пронајдени при претреси во Скопје, уапсени четири лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
kokain

На 9 август 2026 година, во 01:00 часот, на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д. (42) од Скопје.

— реклама —

При претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

— реклама —

Претходно, на 8 август 2026 година, околу 20:30 часот, на улицата „Букурешка“ во Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.М. (23), М.Ч. (23) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје.

— реклама —

При преземањето службени дејствија, кај Д.М. биле пронајдени и одземени поголема количина марихуана и кокаин.

Лицата се задржани во полициска станица. По целосното документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по брза постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања