Шимпанзото Коко, кое 10 години беше на ресоцијализација во Холандија, се врати во Зоолошката градина во Скопје. Со него, се донесени уште три шимпанза.
„Пристигнаа четирите шимпанза од Холандија. Коко е повторно дома ❤️
Со стручен тим од AAP Animal Advocasy and Protection- организација која спасува илјадници животни и каде што престојуваа Коко, Мими, Роси и Хјасл, денеска рано наутро, шимпанзата беа пренесени во новото живеалиште. Моментално се во карантинскиот дел, каде што треба да се адаптираат, заедно со своите чувари од Холандија. Шимпанзата ќе имаат огромно живеалиште со внатрешен и надворешен дел, збогатен со многу реквизити. За нив ќе се грижат четири ЗОО негуватели, а после одморот и адаптацијата, нашите вработени кои го испратија Коко пред 10 години ќе одат да се поздрават со стариот другар“, стои во објавата од зоолошката градина со Скопје, на социјалната мрежа фејсбук
Инаку Коко од 2009 година беше на ресоцијализација поради анксиозност и депресија. Тој беше испратен на ресоцијализација. „ААП Стичтинг“, една од најдобрите светски организации за ресоцијализација и спасување животни, веднаш ги отвори вратите за Коко. Таму во текот на годините стекна многу нови другари и меѓу вработените и меѓу шимпанзата.
https://www.facebook.com/ZooSkopje/posts/1312427025574557