„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Кола ќе прегазела новинарка и нејзина пријателка во Скопје, возачот ќе ги тепал - полицијата не сакала да реагира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
49087167_2219842938270652_7095567813040930816_n

Новинарката Емилија Лазаревска јавно се пожали од однесувањето на двајца полицајци кои патролирале во центарот на Скопје, кај Триумфалната капија. Имено, додека таа заедно со нејзина пријателка минувале по пешачки премин, возач ќе ги прегазел со автомобил, а потоа, сакал физички да се пресмета. Новинарката Лазаревска реагирала кај полицајците, но тие и кажале дека не патролираат за да ја штитат нејзе, туку за друго се дојдени.

— реклама —

„Денeска, петок, 21.12.2018, некаде околу 15 часот, бев сведок на непрофесионално и раскалаштено однесување на двајца полициски службеници кои седат во полициското возило паркирано до Триумфалната на Бетка. Со слушалки во уши и мобилните во раце, на пријателка (Silvana Brkuljan) која побара помош затоа што две невоспитани момчиња прво сакаа да нѐ изгазат , па да нѐ тепаат, еден од полицајците ѝ рече да шета, а потоа другиот излезе за да ни каже дека тој не е тука за нас и да нѐ пази да не нѐ изгази некој во пешачка зона. Уште ни рече дека сите автомобили и комбиња имаат право тука да возат, затоа што тука живеат и работат.

Нормално не е така. Се разбира, потоа се врати кај својот колега и двајцата продолжија да играат на своите мобилни телефони. Дечки од власта. Скопје е во константен хаос. Ништо не функционира. Возачите се пресметуваат меѓу себе на сообраќајниците. Нема сообраќајна полиција. Секој вози како сака. Пешаците и невоспитаните аздисани возачи се на раб на секојдневни тепачки, затоа што нема полицајци низ градот да казнуваат и регулираат. Каде ви се оние маалски полицајци?

— реклама —

Ништо не се почитува. Општ хаос е. На работ на анархија, да не речам граѓанска непослушност со несогледиви последици. Во центар се врши дотур на стока во забранетиот период, лично видов најмалку десетина комбиња и камиончиња. Се вози низ плоштад. се паркира на плоштад. Секој фрла отпад каде ќе стаса. Плука насекаде. Се уринира по хаустори. Се краде од минувачи. Градот е една огромна депонија. Едно ливче не е поместено,ништо не е исчистено. Втората фотографија е од околината на ГТЦ. Тук-таму кадешто е собрано сувото лисје и ѓубрето, така стои со недели и се направени насекаде диви депонии. Се пуши речиси во сите угостителски објекти, ХАОС! ГИ ИСПУШТИВТЕ КОМПЛЕТНО КОНЦИТЕ ОД РАЦЕ: НИШТО НЕ КОНТРОЛИРАТЕ! Ова е навистина ОПАСНА ситуација. Вразумете се, и воспоставете ред во државата. ИТНО“, напиша Лазаревска на Фејсбук.

Емилија Лазаревска е долгогодишен новинар, поранешна уредничка во ТВ Телма, а сега сопственичка на веб порталот “Ако.мк”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања