Промени тема
Контакт

„Колективниот договор не се чепка“ – најавен протест на културните работници на 16 април

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryl0ipp35hhbg7ccf7YVw

Под мотото „Колективниот договор не се чепка, културата има глас“, Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) најави протест што ќе се одржи на 16 април во 12 часот пред Министерството за култура.

Од СКРМ велат дека протестот е израз на незадоволство од одлуката на Уставниот суд за поведување постапка за укинување на Колективниот договор за култура, како и од начинот на пресметка на платите во секторот.

„СКРМ ќе одржи протест на кој ќе го изрази своето незадоволство од срамната одлука на Уставниот суд за поведување постапка за укинување на Колективниот договор за култура и кршењето на колективните договори во начинот на пресметка на плата“, стои во соопштението.

Од Синдикатот посочуваат дека културните работници работат во услови без соодветно признание и надомест, но дека ќе продолжат да го изразуваат својот став.

— реклама —

„Работиме кога другите одмараат. Без надомест. Без признание. Но, не и без глас“, дополнуваат од Синдикатот, кои протестот го најавија и преку свое видео.

— реклама —

Во меѓувреме, од СКРМ реагираа и на отворањето на постапката за уставност на Колективниот договор, при што упатија низа прашања за постапувањето на институциите и информациите поврзани со платите во културата.

Од друга страна, министерот за култура Зоран Љутков ги отфрли обвинувањата како неосновани, оценувајќи дека синдикатот се спротивставува на реформите и дијалогот и дека нивниот пристап претставува обид за политизација на културниот сектор.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryt7bspk0k56ep8C1htVT

„Од институции направи бојно поле, а од вработените статистика“: Синдикатот со остри критики за Љутков

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydpgm1l948e9ccRhCP24

СКРМ: По две години игнорантски однос и синдикална борба, конечно отворен дијалог за Колективниот договор за култура и Законот за култура

Македонија | пред 1 седмица

media-library46n78dcmmu623BMT0V5

Синдикатот на културата го испрати Љутков со порака: „Ви благодариме, но за вашата изведба нема аплауз“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqpif6ucpngrcbXu6zW9

„Судот по нарачка, срамот по заслуга“ – реакција на Синдикатот на културата за зголемените плати на судиите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања