„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Колев: 9-ти Мај е симбол на победата врз едно зло, што позади себе остави многу смрт, болка и урнатини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

Честитка по повод 9-ти Мај, Денот на Европа од Петар Колев, претседател на ГДУ. Во честитката се вели:

— реклама —

-Би сакал од мое лично име и од името на Граѓанско Демократската Унија, да ве поздравам и да ви го честитам 9-ти Мај- Денот на Европа.

9-ти Мај е симбол на победата врз едно зло, што позади себе остави многу смрт, болка и урнатини. Химната на Европа „Ода на радоста“ е потсетник дека сите ние треба да се стремиме кон тоа да го зачуваме нашиот заеднички дом, обединет и подготвен за предизвиците со кои што се соочуваме во моментот и со оние кои што ќе се појават на нашиот пат во

— реклама —

иднина.

Македонија може да биде успешна само како дел од таа Европа. Ние немаме друга алтернатива освен да работиме напорно за тоа нашата земја да почне да ги чувствува основните демократски вредности врежани во слободарскиот дух на стариот континент. Македонија може и ќе биде држава во која ќе владеат принципите на правото и правната држава. Македонија нема вечно

да спаѓа во категоријата на земји со хибриден режим. Македонија ќе се раздели со синдромот „наше дете“ останат од времето на комунизмот.

Македонија има сила да биде нормална европска земја, затоа што има граѓани на кои им е грижа за сопствената земја.

Да работиме заедно за тоа. Да им покажеме на остатоците од лошите практики во минатото дека ние можеме да се избориме за подобри денови за нас и нашите деца.

Без нарачани судски пресуди, без „бомби“, без непотизам, без корупција во невидени размери, без малтретирање на обичниот човек, без замајување и бегање од вистинските проблеми на граѓаните.

Нека ние честит Денот на Европа и да ја направиме заедно Македонија навистина европска Република.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања