Промени тема
Контакт

Колев: ГДУ не учествува на избори каде што исходот се знае предвреме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
petar-kolev

Има неколку причини поради кои ние мислиме дека не треба да учестуваме на предвремените локални избори. Со спортски речник ова е наместен натпревар, односно со крај што се знае предвреме, изјави во Утрински брифинг Петар Колев, претседател на ГДУ, за не учеството на неговата партија на локалните избори во Штип.

Наместо да бидат печатени материјали и трошење средства на рекламен материјал овие пари може да се пренаменат на справување со ковид-19. Од друга страна имавме поместување на предвремените избори и не знам зошто се инсистира на овие локални во Штип. Кога има желба и волја во едно општество секогаш може да се најде легитимен начин да се излезе од овој вакуум, смета Колев и додава дека ова е нелогично решение мотивирано од политички интереси. Прашањето е што добиваат штипјани од избори во декември. Јас ве убедувам дека нема да добијат ништо. Немаме капитални инвестиции, немаме средства во буџетот. И во едни вакви избори да се трошат пари за рекламирање, ставање на ризик на сите инволвирани во овој процес е безсмилено, непрагматично и нерелевантно“, изјави претседателот на ГДУ Петар Колев во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна тв.

— реклама —

Во продолжение целиот разговор со Колев:

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања