Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Колев од Рим: Заев и Мицкоски го рушат меѓународниот авторитет на македонците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
kolev

За жал морам да констатирам дека политичките игри и препукувања помеѓу премиерот Заев и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, влијаат негативно на меѓународниот углед на нашата земја, истакна претседатеот наГраѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев.

— реклама —
— реклама —

За време на мојот разговор со ко-претседателот на ЕCR проф. Лагутко и европратеникот Ангел Џамбазки тие изразија загриженост околу случувањата во истражниот затвор Шутка, каде беа нападнати поранешните министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Стигнавме до заклучок дека институциите треба да бидат оставени да си ја завршат работата по случајот, без никакво политичко влијание и виновните да ја понесат својата одговорност.

— реклама —
— реклама —

За мене најголем проблем во настанатата ситуација е фактот дека со такви немили настани и нивното погрешно менаџирање од страна на Заев како премиер и Мицкоски како лидер на најголемата опозициска партија, се руши меѓународниот углед на македонските институции. Тоа не смее да се случува бидејќи ниту едно политичко поентирање не е доволно вредно за да се стави под знак прашалник авторитетот на нашата земја и секако почнувањето на преговорите за членство во Европската Унија, вели Колев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања