Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Колев: Сонот за создавање на македонска држава, со сите нејзини атрибути, денеска е реалност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kolev

По повод 18-ти Август, Денот на Армијата на Македонија, дозволете ми од мое име и од името на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, да упатам честитки до сите припадници на нашите вооружени сили и до граѓаните на Македонија.

Сонот за создавање на македонска држава, со сите нејзини атрибути, денеска е реалност. Сопствена армија, како неразделен дел од државноста, за која Македонците мечтаат,  која ќе биде гарант на суверенитетот, територијалната целост но и гордост за сите граѓани на нашата земја, денеска е факт.

— реклама —

Армијатата ја чува нашата безбедност и безбедноста на нашите најблиски. Со својот професионализам  и постигнатите резултати во мировните мисии, припадниците на нашата Армија, покажаа дека поседуваат голема способност и можат да учествуваат во процесот за гаранција на регионалниот и меѓународниот мир и стабилност.  Им посакувам на нашите воени лица да продолжат да докажуваат дека нивниот врвен професионализам прекрасно ќе се вклопи со стандардите наложени од нашите сојузници во НАТО.

— реклама —

Им посакувам здравје, сила, храброст и истрајност во борбата за зачувувањето на територијалниот интегритет и меѓународниот авторитет на Македонија.

— реклама —

Честит празник, се вели во честитката од  претседателот на ГДУ, Петар Колев, по повод Денот на Армијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања