Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Колев: Веста дека Фондот ќе покрива операции за промена на полот, ме удри како гром од ведро небо - Што е следно ботокс и силикон?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
64599868_614493992403734_3439892440406818816_n

Веста дека Фондот за здравствено осигурување ќе покрива операции за промена на полот, ме удри како гром од ведро небо.Прво и најосновно нешто што треба да се знае е дека промената на полот е зафат што се прави по личен избор. Трансродовите лица не се болни и тие зафати не би требало да бидат третирани како итни случаи, што ете, треба да бидат покриени од државата, со други зборови, платени со пари од даноците на сите граѓани, се вели во соопштението од Петар Колев, претседател на ГДУ.

Здравството во Македонија се наоѓа во катастрофална ситуација. Нашите медицински работници се евакуираат од државата. Повеќето од нив учат германски јазик. Не знам дали во Германија на државен трошок можеш да си го смениш полот, но знам дека таму и платите и условите за работа на медицинските работници се неколку десетици пати подобри од тие кај нас.

— реклама —

Ете ви европска мерка, запрете го евакуирањето на македонските лекари и медицински сестри.Во Македонија речиси секојдневно некој бара помош за лекување во странство. Во Македонија има огромен број на луѓе кои својот спас го бараат надвор, затоа што кај нас или нема доволно добри специјалисти или ја нема потребната опрема. Дали тоа не го заслужува вниманието на г-нот Филипче и останатите одговорни лица во Министерството за здравство?

— реклама —

Дали ги средивме државните здравствени установи ширум Македонија? Не!!! Кога ќе дојде на дневен ред овој проблем? Што е следно: државни пари за ботокс и силикон? Освестете се!!!

— реклама —

Мојот револт не е насочен кон лицата кои сакаат да го сменат својот пол. Но нивните желби се нивен личен избор, додека болеста на детето за кое вчера видовте дека се собираат донации преку смс пораки не е!!! Желбите на одредени луѓе се нивна лична работа и како таква таа треба да биде платена од нивните сопствени џебови. Граѓаните не се должни да се лечат во катастрофални услови додека нивните даноци се трошат за нешта кои се личен избор на една група на луѓе, се вели во соопштението од Петар Колев, претседател на ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања