Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Колев: Власта си најде самар за мавање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

По изречените пресуди за настаните од 27 април, по социjалните мрежи од порталите блиски до едниот или другиот табор, човек основно може да прочита две работи. Ако се блиски до СДСМ, за нив правдата победила, ако се пак блиски до ДПМНЕ 211 години се дадени за патриотизам во Македонија, вели Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ .

— реклама —

Колев додава: Почитувани господа, да ве замолам да не ја потценувате нашата интелегенција, па не сите сме вработени на државно од ДПМНЕ или СДСМ и треба да се правиме наивни и да пумпаме емоции, согласно партиските списоци и наредби.

Да се разбереме, не е правда и не е правично ако ги осудиш на 211 години луѓе кои реализирале план, до кој немаше да се стигне ако некој не им наредеше или не им ги отвореше вратите, нели?!

— реклама —

Додека наредбодавачот, доручкува гулаш и го гледа Дунав, вратарите ни ги отвараат НАТО портите, најдовте самар за мавање, нели?!

И уште нешто многу важно, господа „патриоти ", нема ништо ама буквално ништо  патриотско во тоа со сталка или стол да му ја скршиш главата некому или да го претепаш до смрт во домот на демократијата, македонскиот законодавен дом. Тоа може да е примитивно, простачко, претерано, и има други синоними кои почнуваат на „П“ но тие сигурно не го опишуваат патриотизмотм, вели Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања